logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

Еко активности

5.1. Еко проект

 

Во ООУ Пере Тошев – Росоман секоја учебна година континуирано се работи на проекти од областа на екологијата. Училиштето ги спроведува сите активности опфатени со Еко проектот во редовната настава и воннаставните активности.

Училиштето се вклучува и во проектот Еко пакет, кој успешно се реализира во централното и во ПУ Сирково. Цел на проектот е изработка на скулптури од тетра-пак амбалажа, кои се вреднуваат од училишна комисија, а најдобрите изработки на учениците учествуваат на завршен натпревар во Скопје. Училиштето во учебната 2015/16 год. освои и награда за посебно еколошко залагање.

ООУ Пере Тошев – Росоман неколкупати се вклучува и во Светските денови на акција за што училиштето е наградено со сертификат за учество.

Во октомври се одржува акцијата Македонија без отпад, во која секоја година се вклучува училиштето, со акција на чистење на училишниот двор и пределот околу училиштето во Росоман, со поддршка на претставници од локалната самоуправа на општина Росоман.

Во ООУ Пере Тошев – Росоман редовно се одбележува Денот на дрвото, кога се спроведува и акција за садење на садници на локација во село Мрзен, како и посадување на садници во училишниот двор.

Во текот на учебната година се одржува и пролетен Ден на дрвото, на кој учениците организирано посадуваат семе од ела, даб а во училиштето се одвиваат и други ако активности.

Еко одборот на училиштето се состанува редовно според својата програма за работа и се дискутира за чекорите кои училиштето треба да и превземе со цел развување на еколошката свест кај учениците, унапредување на животната средина, но и стекнување односно задржување на статусот „Еко училиште“. Еко одборот е главен носител на сите еколошки активности во училиштето.