logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

Додатна/дополнителна настава

Дополнителната настава ќе се огранизира за учениците кои имаат потешкотии во учењето и заостануваат по одделни наставни предмети или од оправдани причини подолго време отсуствувале од редовната настава. Оваа настава ќе се изведува во текот на наставната година со еден час неделно за учениците од II до IX оддление.

За успешно организирање на дополнителната настава неопходно е континуирано следење и вреднување на успехот и напредокот на секој ученик, како и постојана контрола на неговите развојни особености и потреби. За дополнителна настава,образовните групи ќе се формираат во различни периоди, во зависност од времето кога се појавуваат одредени потешкотии кај поедини ученици.

Содржините за оваа настава се специфични за секој ученик и затоа ќе се применуваат пред се индивидуална форма на работа, работа во групи, а ќе се користи и фронтална работа со учениците од секоја од групите.

Реализацијата на дополнителна настава се евидентира во одделенскиот дневник и е дел од годишниот глобален план на секој наставник поединечно.До 5-ти септември ќе биде изработен распоред за дополнителна настава кој по донесувањето станува составен дел на оваа годишна програма.

Пограма за дополнителна  настава

 

АКТИВНОСТ НОСИТЕЛИ НА АКТИВНОСТ РЕСУРСИ ИНСТРУМЕНТИ ВРЕМЕНСКА РАМКА ОЧЕКУВАНИ ЕФЕКТИ
Креирање на политика за поддршка на планирањето на дополнителна настава во училиштето -Директор

-Стручни соработници

-Наставници

-Анализа на состојбата

-Стручни материјали од БРО (наставни планови и програми)

-Прашалник за наставниците од ефектите од реализација на дополнителната настава Септември -Увид во досегашната состојба при реализација на дополнителната настава
Следење на реализацијата на дополнителна настава -Директор

-Стручни соработници

-Следење на планирањата на наставниците

-Следење на постигањата на учениците вклучени во дополнителна настава

-Посета на часови

-Евидентен лист за реализација на дополнителна настава

-Работни листови за учениците

Во тек на годината -Подобар квалитет при реализација на дополнителната настава

-Обезбедување поддршка во редовната настава на ученици со потешкотии во учењето

Евалуација -Директор

-Стручни соработници

-Програми и подготовки на наставниците

-Посета на час

-Прашалник за наставниците

-Обработка на податоците од увид на часови – пополнети инструменти

Јуни -Зголемени постигања на учениците кои имаат потешкотии во учењето

Додатна настава ќе се реализира со учениците кои постигнуваат посебни резултати за определени научни и наставни дисциплини и напредуваат во рамките на задолжителната настава. Нејзина основна цел е да обезбеди систематска работа со надарени и талентирани ученици во текот на целата година, нивно креативно ангажирање, унапредување на способностите, потесна професионална ориентација, учество на натпревари итн. Оваа настава ќе се изведува во текот на наставната година со еден час неделно за учениците од II до IX оддление.

Реализацијата на додатната настава се евидентира во одделенскиот дневник и е дел од годишниот глобален план на секој наставник поединечно. До 5-ти септември ќе биде изработен распоред за додатна настава кој по донесувањето станува составен дел на оваа годишна програма.

Пограма за додатна настава

АКТИВНОСТ НОСИТЕЛИ НА АКТИВНОСТ РЕСУРСИ ИНСТРУМЕНТИ ВРЕМЕНСКА РАМКА ОЧЕКУВАНИ ЕФЕКТИ
Креирање на политика за поддршка на планирањето на додатната настава во училиштето -Директор

-Стручни соработници

-Наставници

-Анализа на состојбата

-Стручни материјали од БРО (наставни планови и програми)

-Прашалник за наставниците од ефектите од реализација на додатна настава Септември -Увид во досегашната состојба при реализација на додатната настава
Следење на реализацијата на додатната настава -Директор

-Стручни соработници

-Следење на планирањата на наставниците

-Следење на постигањата на учениците вклучени во додатна настава

-Посета на часови

-Евидентен лист за реализација на додатна настава

-Работни листови за учениците

Во тек на годината -Подобар квалитет при реализација на додатната настава

-Обезбедување поддршка во редовната настава на надарените ученици

Евалуација -Директор

-Стручни соработници

-Програми и подготовки на наставниците

-Посета на час

-Прашалник за наставниците

-Обработка на податоците од увид на часови – пополнети инструменти

Јуни -Зголемени постигања на учениците кои покажуваат значителни резултати во определени области