Во месец октомври се одбележува Детската недела со прием на првачињата во Детската организација и делење на вредносни маркици, придружено со кратка приредба.
На почетокот на првото полугодие се избираат претседател и заменик претседател на Одделенска заедница, од сите одделенија. Во септември се формира Училишна заедница во која зема учество претседателството од секоја паралелка од VI до IX одд. На првиот состанок на Ученичката заедница се избра претседател според правилото за избор, наведено во Програмата за работа на ученичката заедница на ниво на училиште. Во текот на учебната година се одржуваат месечни состаноци на ученичката заедница според програмата за работа и планот за работа, на кои се реализираат целите кои учениците ги поставуваат.
Нова Година во ООУ „Пере Тошев“ се одбележува со повеќе одделенски приредби и една голема училишна приредба во која учествуваат ученици од прво до деветто одделение. Во подрачното училиште во с.Сирково и останатите подрачни училишта исто така се одржуваат новогодишни приредба во која учествуваа сите ученици.
Во предновогодишниот период во училиштето се одвиваат работилници со родители и ученици, со цел да се изработат новогодишни декорации, кои се изложуваат и продаваат на новогодишен базар.
Во училиштето редовно се одбележува 21 Март- Ден на еколошката акција на младите во Р.Македонија со повеќе еколошки активности: собирни акции за хартија и пластика, чистење на училишниот двор, садење на садници и цвеќе и сл.
Во училиштето со повеќе креативни работилници и изложбено продажен базар се одбележува и големиот христијански празник – Велигден.
Патрониот празник на училиштето се одбележува на 04 мај секоја година со повеќе активности: свечено положување на свежо свеќе и оддавање почит на патронот, приредба во училиштето и спортски натпревари.
Учениците и наставниците се вклучени во скоро сите активности на Црвениот крст на Р. Македонија, со што имаат можност да ја искажат и промовираат хуманоста во рамки на училиштето и општината.