logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

Проекти

Вклученост и реализација на проекти и други активности во училиштето Еко проект

Во изминатите неколку години во ООУ „Пере Тошев“ интензивно се работи на проекти од областа на екологијата, како дел од Еко проектот.

Училиштето истотака се вклучи во проектот Еко пакет, кој успешно се реализираше во централното и во ПУ Сирково. Цел на проектот беше изработка на скулптури од тетра-пак амбалажа, кои беа вреднувани од училишна комисија, а најдобрите изработки на учениците од Va, Vб и VIIIб учествуваа на завршен натпревар во Скопје. Училиштето освои и награда за посебно еколошко залагање.

Училиштето неколкупати се вклучува и во Светските денови на акција со различни активности, а за вклученоста училиштето е наградено со сертификат за учество.

Во октомври се одржува акцијата Македонија без отпад, во која секоја годинасе вклучуваат учениците и наставниците од  училиштето, со акција на чистење на училишниот двор и пределот околу училиштето Росоман, со поддршка на претставници од локалната самоуправа на општина Росоман.

Двапати годишно се одбележува Денот на дрвото, на која веќе традиционално се спроведуваи акција за садење на садници на локација во село Мрзен, како и посадување на садници во училишниот двор.

Еко одборот на училиштето се избира на почетокот на учебната година и се состанува и се дискутира за чекорите кои училиштето треба да и превземе со цел развување на еколошката свест кај учениците, унапредување на животната средина, но и стекнување односно задржување на статусот „Еко училиште“.

 

Со читање до лидерство

Во учебната 2013/14 година училиштето аплицираше за вклучување во проектот Со читање до лидерство, а во текот на учебната 2014/15 година апликацијата беше позитивно оценета во конкуренција од 190 апликации од 65 општини од Република Македонија, а нашето училиште беше избрано како едно дваесетте училишта кои учествуваат во третата фаза на проектот.

Проектот на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ спроведува и активности кои имаат за цел да се процени јазичната и математичката писменост кај децата, да се зајакне педагошката практика на наставниците и да се зголеми свест за важноста на јазичната и математичката писменост за интелектуалниот развој на децата. Во мај се одржуваат процени со ученици од второ и трето одделение од централното и подрачните училишта, со

ученици дадени од ДИЦ. Процените беа спроведени од училишниот психолог и педагог, а набљудувани од претставник од Фондацијата Чекор по чекор .

Во рамки на проектот од декември 2015 година започна за функционира Заедница за учење, која има за цел да се подобрат постигањата на учениците во почетните одделенија преку организиран пристап и работење на развојни проблеми, како и размена на знаења и искуства меѓу наставниците. Во ноември 2016, училиштето беше домаќин на мрежен настан, на кој наставниците од Заедницата за учење ја претставија својата работа пред наставници од две други училишта, како и пред заедницата и медиумите.

Во рамки на компонентата Професионален развој на наставниците и Вклучување на заедницата, се одржаа неколку обуки и работилници за наставниците и родителите, на кои акцент беше даден на применливи техники со кои може да им се помогне на учениците во совладувањето на знаењата од македонски јазик и математика.

 

Заедничка грижа за правилен развој на учениците

 

Од почетокот на учебната 2014/15 година, Министерството за образование и наука го воведе проектот Заедничка грижа за правилен развој, со кој се предвидени континуирани заеднички активности помеѓу учениците, наставниците и родителите. Во ООУ „Пере Тошев“ во соработка со родителите се изведуваат повеќе активности, во согласност со дадените насоки од МОН.

Социоемоционални вештини за подобри образовни резултати

 

Училиштето се вклучи во и проектот „Социоемоционални вештини за подобри образовни резултати“, кој имаше за цел да ја зајакне и подобри способноста на секој ученик да работи во насока на постигнување на поставените цели, како и остварување на своите намери со труд и упорност. Реализатор на проектот е Центар за човекови права и разрешување конфликти во соработка со Канцеларијата на Светска банка во Скопје. Пилот програмата се изведе во избрани училишта, меѓу кои и нашето училиште. Содржината на програмата се изведуваше за време на одделенски час, во 5 наставни часови предвидени за лекции и 3 наставни часови предвидени за тестирања и мерења. За изведување на овој процес, наставниците кои беа одделенски раководители на овие одделенија посетија еднодневна обука. Сите материјали за изведување на проектот беа изготвени и дистрибуирани од страна на организаторите на проектот.