logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

Редовна настава

Редовната настава се изведува по пропишана програма за работа со точно одредено време на наставна работа за поединечно одделение.

Задолжителните предмети ја сочинуваат содржинската основа на основното училиште, со која на учениците им се овозможува вертикална проодност за продолжување на школувањето во средното образование.

Застапеноста на наставните предмети по одделенија и нивните квантитативни износи изразени во седмичен и годишен фонд на часови произлегува од наставниот план, а целите и содржините од наставните програми.

Наставата во сите училишта се изведува во една смена.Часовите започнуваат во 7:30 часот. Наставниот час трае 40 минути. Прв задолжителен странски јазик е англискиот јазик, а како втор задолжителен јазик од шесто одделение учениците го изучуваат француски јазик.

Наставата се изведува кабинетски, како што дозволуваат условите и наставните предмети организирани во групи според неделната застапеност.

Задолжителните предмети кои ќе бидат застапени во наставата од I – IX одделение во оваа учебна година се според Наставниот план од БРО (https://www.bro.gov.mk/wp-content/uploads/2023/05/NP-Osnovno-2023-2024.pdf)
Наставата од I до VI одделение ќе се изведува по Новата концепција за основно образовнаие (Подкатегории – Биро за развој на образованието)