logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

Конкурс за избор на ученик – првенец на генерација за учебната 2023/2024 година

 

 

Конкурс за избор на ученик – првенец на генерација за учебната  2023/2024 година

Општинско основно училиште ˝Пере Тошев˝ – Росоман

Врз основа на  Правилникот за видовите на пофалби и награди на учениците, ООУ ˝Пере Тошев˝ – Росоман распишува

КОНКУРС

За избор на ученик – првенец на генерација за учебната 2023/2024 година

Право на учество имаат ученици од деветто одделение кои ги исполнуваат следниве условиː

  •     да покажуваат примерен однос во училиштето и надвор од него
  •     да имаат континуирано примерно поведение
  •     да имаат континуиран одличен успех од VI  до IX одделение
  •     да имаат учество и освоено место на училишни натпревари  (интерни-училишни,општински, регионални, државни, меѓународни)
  •     да имаат освоено награди, дипломи, признанија,благодарници
  •     да имаат учество и освоено место на конкурси и спортски натпревари во име на училиштето
  •     активно да учествуваат во слободни ученички активности, во воннаставни активности, како и во работата на ученичките организации и училиштето воопшто

Учениците кои ги исполнуваат горенаведените услови да се обратат кај класните раководители за дополнителни информации и помош при подготовка на документите.

Потребните документи да се достават до педагошката служба најдоцна до 18.04.2024година.

Документите да содржат ː

  •     Пријава до комисијата
  •     Копии од свидетелства
  •     Копии од дипломи,пофалници,благодарници и сл.

Комисијата за пофалби и награди ќе ги разгледа пристигнатите документи и врз основа на критериумите од  правилникот, изготвува бодовна листа на ученици според добиените бодови, ја доставува до Наставничкиот совет кој донесува одлука за прогласување на  ученик – првенец на генерација. Признанието и наградата  ќе се додели  на денот на патрониот празник на училиштето.

 

 

 

 

 

 

                                                                                                               Директор

Росоман 09.04.2024 год.                                         _________________________

                                                                                                           Ленче Стојанова

 

Comments are closed.