logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

ОГЛАС

Врз основа на член 42 од Законот за основно образование ( Сл.весник на РСМ 161/19, 229/20) и Правилникот за начинот на изведување на ексурзиите, излетите и другите вонучилишни  активности на учениците од основните училишта  бр. 12-13487/1 од 19.11.2019 г., и Програмата за изведување на  ексурзии, излети и други вонучилишни  активности за учениците за учебната 2022/2023 год. на ООУ,,Пере Тошев“- Росоман, Комисијата за прибирање на понуди објавува

 

                                                     О Г Л А С                   

                                                     

                  за прибирање понуди за изведување на ученички екскурзии, излети  и  

                     други вонучилишни активности на учениците за учебната 2022/2023 г.

 

  1. Еднодневен излет: Росоман – Моклиште – Росоман ( ученици од 1, 2, 4 и 5 одд.)
  2. Еднодневен излет: Росоман- Стоби- Неготино- Демир Капија – Росоман  (ученици од 7 и 8 одд.)
  3. Еднодневна екскурзија: Росоман – Скопје- Росоман (за учениците од III одделение)
  4. Дводневна екскурзија: Росоман – Струмица – Дојран – Росоман, (за учениците од VI одделение)
  5. Дводневна екскурзија: Росоман – Скопје – Дебар – Охрид – Росоман (за ученици од IX одделение)
  6.  

Време на реализација: месец Мај.

 

            Согласно  Правилникот за изведување на ученички ексурзии и други вонучилишни активностии на учениците од основните училишта покрај критериумот најниска цена ,понудувачот треба да ги исполнува и следните критериуми:

-да е регистриран согласно позитивните прописи во РСМ за вршење на соодветна туристичка дејност;

-да е регистриран најмалку 3 години пред изведувањето на ексурзијата, излетот или друга вонучилишна активност на учениците од основните училишта,;

-да има успешно реализирно сопствена аранжманска програма во РСМ,

-да ги исполнува условите за превоз на групи деца ,согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.

 

Критериум за избор на најповолна понуда е најниска цена.Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена  за најповолна ќе биде избрана понудата која е прва донесена.

 

Тендерската документација да се подигне во просториите на секретарот на училиштетоод 09:00 до  14:00 часот.

 

Ве молиме понудите во оригинален примерок кој треба да е потпишан и заверен од одговорното лице на понудувачот со  потребните документи  да ги доставите  во  затворен плик  директно или на адреса на училиштето: со назнака НЕ ОТВАРАЈ во горниот лев агол,  адресирано до Комисија за прибирање понуди за ексурзии и излети при ООУ,,Пере Тошев“- Росоман, ул. „Пере Тошев“ бр.2 Росоман.

 

Во рок од три дена од потпишување  на договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно  извршување на договорот во висина од 5 % од вкупната вредност на договорот.

 

 

         Огласот трае 5 работни дена сметајќи го и денот на објавувањето во дневен печат. (сабота и недела се сметаат за неработни денови).

Некомплетни и задоцнети понуди нема да се разгледуваат.    

Телефон за дополнителни информации: 072/252-681    

 

                                                               Комисија за прибирање на понуди

                                                                ООУ,,Пере Тошев“- Росоман        

                                                                    ул.„Пере Тошев“ бр. 2  Росоман

Comments are closed.