logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

Оглас за ексурзии и излети за 2025-2026.Росоман

 

Врз основа на член 20, 21, 22 и 23 од Правилникот за изведување на ученички ексурзии, излети и други вонучилишни активности на учениците од основните училишта бр.12-10853/1 од 04.08.2025 година и Програмата за ученички ексурзии, излети и други вонучилишни активности на учениците за учебната 2025/2026 год. на ООУ„Пере Тошев“ Росоман, Комисијата за прибирање на понуди при ООУ„Пере Тошев“ Росоман распишува:

 

                                                              ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА

      за прибирање  понуди за изведување на ученички ексурзии, излети  и

         други вонучилишни активности на учениците во учебната 2025/26 г

 

Еднодневни излети :

1.   Росоман-Моклиште-Росоман,  I, II,IV и V одд.

2.   Росоман-Прилеп-Росоман – VII и VIII одд.

                  Ексурзии:

                     1. Росоман-Битола-Росоман  III одд. (еднодневна)

                     2. Росоман-Струмица-Дојран -Росоман –VI одд (дводневна ексурзија)

 Релација: Росоман-Струмица ,„Пресвета Богородица“ с.Вељуса, Св.Леонтиј“ с. Водоча,              Смоларски Водопади, Комплекс Лебедово Езеро-Дојран: Вардарски рид, Дојранско Езеро-Росоман.

                     3. Росоман–Скопје-Маврово-Струга-Охрид-Битола IX одд (тридневна ексурзија)  

     

1.Согласно чл.22 од Правилникот за изведување на ученички ексурзии, излети  и други вонучилишни активностии на учениците од основните училишта покрај критериумот најниска цена ,понудувачот треба да ги исполнува и следните критериуми:

-да е регистриран во согласнот со  позитивните прописи на РСМ за вршење на соодветна туристичка дејност;

-да е регистриран најмалку 3 години пред изведувањето на ексурзијата,излетот или друга вонучилишна активност на учениците од основните училишта;

-да има успешно реализирно сопствена аранжманска програма во РСМ,

-да ги исполнува условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.

Дополнителни критериуми се :

хотели (колку sвезди и дали сместување во еден или повеќе доколку се работи за поголема група) и пред резервации,

-мени за исхрана,

-платени влезници за посета на културно историски знаменитости,

-вид на високотуристички автобуси,

-плаќање на рати (или до пред поаѓање),

-ангажирање на лекар,

-социјални случаи (за колку ученици ќе се обезбеди ослободување од надомест),

-туристички придружници-водич.

Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на комисијата како неприфатлива.

Комисијата не смее да утврдува дополнителни минимални услови и критериуми во огласот за прибирање понуди освен условите и критериумите наведени во огласот.

Се покануваат сите заинтересирани понудувачи да достават понуди според документацијата што ја содржи програмата за изведување на ексурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на училиштето, која треба да се подигне во форма на тендерска документација со подетални услови во работен ден во период од 08 до 13,00 часот во училиштето. Реализирањето на ексурзиите ќе се изведува сукцесивно  почитувајќи ги  дадените  термини за изведување на  излетите и ексурзијата во тендерската документација.

 

2.   Покрај исполнување на горенаведените критериуми понудата треба да  содржи:

ДРД образец, тековна состојба, да се достави лиценца за работа на агенцијата согласно ЗБСП, Договор (задолжително), потврда, препорака за успешно реализирана сопствена аранжманска програма во РСМ, доказ за исполнување на условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца, документ за исправност на автобусите, цена на дадената релација, и начин на плаќање. Описот на услугата ќе биде наведен во тендерската документација која понудувачот треба да ја подигне од училиштето.

              Tендерската  документација може да се подигне  од архива на  училиштето на  ул. Пере Тошев“ бр.2 Росоман , или да биде пратена на меил по предходно телефонско барање (тел.за контакт 072/252-681.  Ве молиме понудите во оригинален примерок кој треба да е потпишан и заверен од одговорното лице на понудувачот со  потребните документи  да ги доставите  во  затворен плик директно или на адреса на училиштето до Комисија за спроведување на оглас за изведување на ексурзии, излети и други вонучилишни активности при ООУ„Пере Тошев“, ул.„Пере Тошев“ бр. 2 Росоман, со назнака во горниот лев агол  НЕ ОТВАРАЈ,  најдоцна до 12.03.2026 год.

              Во рок од 5 дена по потпишување на договорот, избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно  извршување на договорот во висина од 10 % од вкупната вредност на договорот.

           Отворањето на понудите ќе биде јавно  спроведено од страна на Комисијата на 17.03.2026 год во 12,00 часот.

        Огласот трае 5 работни  дена сметајќи го и денот на објавувањето (од 6.03.2026 г. до 12.03.2026 г.)

        Некомплетни и задоцнети  понуди нема да се разгледуваат.

 

              4.03.2026 год.                                                              Претседател на Комисија

Росоман                                                                  за прибирање на понуди при

                                                                              ООУ„Пере Тошев“  Росома

Адреса „Пере Тошев бр. 2 Росоман

                                                         

 

                                                                                

 

 

 

Comments are closed.