logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

Конкурс за избор на ученик – првенец на генерација за учебната 2025/2026 година

 

Конкурс за избор на ученик – првенец на генерација за учебната  2025/2026 година

Општинско основно училиште „Пере Тошев“ – Росоман

 

Врз основа на член 75 став 3 од Законот за основно образование (Службен весник на Република Северна Македонија“161/19, 229/20, 3/25 и 74/25)  и Правилникот за видовите на пофалби и награди на ученицитеООУ „Пере Тошев“ – Росоман распишува

 

КОНКУРС

За избор на ученик – првенец на генерација за учебната 2025/2026 година

 

1. Право на учество имаат ученици од деветто одделение кои ги исполнуваат следниве условиː

o     да имаат континуиран одличен успех

o    да имаат континуирано примерно поведение

o    да покажуваат примерен однос во училиштето и надвор од него

o    да немаат изречени педагошки мерки

o    да имаат учество и освоено место на училишни натпревари  (интерни-училишни, општински, регионални, државни, меѓународни)

o     да имаат освоено награди, дипломи, признанија,благодарници

o     да имаат учество и освоено место на конкурси и спортски натпревари во име на училиштето

o     активно да учествуваат во слободни ученички активности, во воннаставни активности, како и во работата на ученичките организации и училиштето воопшто

2. Предлог (номинација) за ученик на генерација може да даде одделенскиот раководител, предметен наставник, стручен соработник или самиот ученик.

3. Учениците кои ги исполнуваат горенаведените услови да се обратат кај класните раководители за дополнителни информации и помош при подготовка на документите.

 

4. Потребните документи да се достават до педагошката служба најдоцна до 17.04.2026 година.

 

Документите да содржат ː

o        Пријава до комисијата

o        Копии од свидетелства

o        Копии од дипломи, пофалници, благодарници и сл.

 

Комисијата за пофалби и награди ќе ги разгледа пристигнатите документи и врз основа на критериумите од  правилникот, изготвува бодовна листа на ученици според добиените бодови, ја доставува до Наставничкиот совет кој донесува одлука за прогласување на  ученик – првенец на генерација. Признанието и наградата  ќе се додели  на денот на патрониот празник на училиштето.

 

 

                                                                                                  Директор  

___________________ 

Трајанка Ризова

 

 

Comments are closed.